еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид регистрираше ново друштво Алкалоид Енергетика, компанијата ќе користи струја од сопствени обновливи извори

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво Алкалоид Енергетика ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија, информираа од компанијата преку Македонската берза.

Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.

-Имајќи ги предвид заложбите на Алкалоид АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во нивното остварување.

Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво.

Со овие капацитети ќе се овозможи од 75 до 85 % од електричната енергија која се користи за производствените капацитети на Алкалоид АД Скопје да биде од сопствени обновливи извори.

Како општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, Алкалоид АД Скопје придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди во целост.

Инвестирањето во нови производствени капацитети, современа опрема, во изработка на квалитетни проекти, грижа за животната средина и во енергетска ефикасност останува примарна стратешка определба на Алкалоид АД Скопје и во периодот што следува, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Редакција

„Да се прочешлаат сите тендери за ИПА проекти, слонови ќе најдат. Јахи е капка во морето“: Твитер реакции

Редакција

„ЗК Пелагонија“ во загуба од 228 милиони денари

Редакција