еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американскиот генерал Весли Кларк, кој го водеше бомбардирањето на Србија, стана почесен граѓанин на Чаир

Поранешниот американски генерал Весли Кларк, кој го водеше бомбардирањето на Србија во 1999 година, стана почесен граѓанин на скопски Чаир.

Титулата од страна на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Гану, му беше врачена синоќа во Албанскиот театар во Скопје.

Меѓу присутните беше и Изет Меџети, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање.

Во 1997 година Кларк стана врховен командант на Обединетите сили на НАТО за Европа, а на 23. март 1999 година од тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана ја доби наредбата за почеток на воена реакција „за геноцидот во Косово од поранешна Југославија“, без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Фото: Општина Чаир/Гану

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот ќе ја усложни состојбата и со Ковид-19: Од денеска започна пријавување за вакцинација против сезонски грип

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени на 100 илјади жители има во Кратово и Кавадарци

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваат 448

Редакција