еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Американскиот претседател Бајден си го помилува синот, кој чекаше казна за поседување оружје и затајување на данок

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, си го помилува синот Хантер Бајден, кој чекаше казна за нелегално поседување оружје и затајување на данок.

Во помилувањето, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека Бајден му дал целосно и безусловно помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1. декември оваа година.

Синот на Бајден во септември се изјасни за виновен за затајување на данок, со што избегна судење.

Хантер Бајден година е исто така веќе осуден за лажење дека поради неговата зависност од дроги, нелегално купил оружје.

Одлуката на Џо Бајден предизвика лавини од реакции, а се огласи и неговиот син.

„Признав и презедов одговорност за моите грешки во најмрачните денови на зависноста, грешки што се искористени за јавно понижување и на мене и на моето семејство поради политиката.

И покрај се, трезен сум повеќе од пет години поради својата длабока вера и непоколеблива љубов и поддршка на моето семејство и пријателите.

Помилувањето никогаш нема да го земам здраво за готово и ќе го посветам животот што повторно го изградив на помагање на оние кои сè уште се болни и страдаат“, изјави Хантер Бајден.

Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ноември само два дена со чист воздух во Тетово

Редакција

(Видео) Повредени 10 полицајци: Во Белград жестоки судири помеѓу полицијата и противниците на „Европрајд„

Редакција

За една недела бројот на новозаразени со Ковид-19 пораснал за 80%

Редакција