Заменик министерот за правда, Ален Деребан во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик открива дека за брзо време се очекува да биде уапсен или лоциран поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, по кого има распишано меѓународна потерница откако избега од Македонија.
Тој не открива многу детали за тоа, но вели дека македонското Министерство за правда е во постојана комуникација со министерствата за правда на соседните земји и дека по распишувањето на потерницата за Груби, немаат добиено потврден одговор од никој и дека не може да каже каде точно се наоѓа сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Изминатиов период се шпекулираше дека Груби е во Албанија, во близина на Драч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател
Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД
Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД
Фото: Груби/Фејсбук