еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БИМ од Свети Николе лани со зголемени приходи

БИМ АД Свети Николе лани остварил нето добивка од 55.504 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените приходи од продажба изнесуваат 955.805 илјади денари и тие се за 28% поголеми  во споредба со приходите од продажба остварени во 2023 година, кога изнесуваа 747.822 илјади денари.

По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од домашниот пазар учествуваат со 53,65%, додека од странскиот пазар со 46,35%.

Оперативните расходи изнесуваат 884.870 илјади денари и се поголеми за 27% во однос на истите од 2023 година, кога изнесуваа 696.774 илјади денари. Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 785.967 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИМ од Свети Николе со добивка во третиот квартал

Колкава плата имал лани директорот на БИМ Свети Николе и членовите на Одборот на директори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста шокирана: Приказната на актерката Милена Радуловиќ за силувањето од страна на „угледниот“ професор по глума Алексиќ го крена Балканот на нозе

Редакција

(Фото) Охрид полн со туристи, ама и со ѓубре и отпад

Редакција

Александар боледува од канцер на лимфни жлезди, потребни се средства за трансплантација во Турција

Редакција