Топ тема во соседна Грција е смртта на четири бебиња во Амалијада, за што е отворена истрага, а шокантниот факт е дека во моментов на нивната смрт секогаш е присутна 24-годишна девојка.
Две од децата се нејзини, а две на нејзини пријателки.
Првото бебе, новороденче на девојката, под сомнителни околности, починало во јуни 2022 година.
Една година подоцна починала и нејзината втора ќерка, која имала само два месеци.
Во август годинава починало 15-месечно момче, син на нејзината пријателка, а во меѓувреме се откри и дека во 2021 година починало уште едно бебе на друга нејзина пријателка.
Грчките медиуми објавија и дека пред десет години животот го загубила и сестрата на осомничената, која ненадејно починала кога имала само неколку месеци, а причината за смртта никогаш не била откриена.
Видео: Open TV