Најмалку 20 деца, само во Скопје, се повредени од новиот вознемирувачки предизвик на социјалната мрежа ТикТок, „Супермен челинџ“.
Најмалото има само осум години, а дел од децата имаат и скршеници.
Шокатно е дека голем дел од овие деца се повредиле во училиште, па дел од нив предупредија на претпазливост, а во меѓувреме на загриженоста на родителите има благи реакции на надлежните и политичарите.
Во неколку земји низ светот се разгледуваат можностите за ограничување на пристапот до вакви штетни трендови на социјалните мрежи, а во некои и целосна забрана на ТикТок. Во Македонија засега нема никакви најави.
Од Министерството за информатичко општество и администрација информираа дека ја следат состојбата, но и велат дека немало докази за користење на ТикТок за извршување на кривични дела, што според Законот за електронски комуникации е предуслов за преземање на мерки за забрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што е „Супермен челинџ“
Станува збор за предизвик во кој деца и тинејџери се снимаат како скокаат врз испружените раце на нивни врсници, имитирајќи го Супермен, кои потоа треба да се одбијат од рацете на врсниците и да застанат на подот исправени на нозе.
View this post on Instagram
Но, како што може да се види од бројни снимки кои кружат на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат врсникот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео: Скопје1/Фото: Унсплеш