Претседателот на грчката партија “Грчко решение“, Кирјакос Велопулос, која има 12 пратеници, денеска во грчкиот Парламент го искина Договорот од Преспа.
-Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција и го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате Северна Македонија.
Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите.
ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија, рече меѓудруго Велопулос.
Повика и грчката Влада да ги стави на гласање во Парламентот и трите меморандуми со Македонија, кои Грција и по шест години од потпишување на Преспанскиот договор се уште не ги ратификувала, за да сите гласеле против.
-Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.
Фото: Фејсбук/ Велопулос/видео: Pronews TV