Американската компанија „Интуитив машинс“ од Тексас, САД, испиша историја, откако нејзината сонда „Oдисej Нова-Ц“ доцна синоќа слета на Месечината и веќе ги испрати и првите снимки.
Оваа е прво спуштање на Месечината на летало на приватна компанија.
Леталото беше лансирано минатата недела од Флорида, а во средата влезе во орбитата на Месечината.
Спуштањето траеше 73 минути.
Your order was delivered… to the Moon! 📦@Int_Machines' uncrewed lunar lander landed at 6:23pm ET (2323 UTC), bringing NASA science to the Moon's surface. These instruments will prepare us for future human exploration of the Moon under #Artemis. pic.twitter.com/sS0poiWxrU
— NASA (@NASA) February 22, 2024
Леталото носи и научно-истражувачки инструменти од американската вселенска агенција НАСА.
Ова е првпат американско вселенско летало да се спушти на Месечината откако тоа последен пат го направи екипажот на НАСА од мисијата „Аполо 17“ во декември 1972 година.
Фото: Твитер/„Интуитив машинс“/видео: Твитер/НАСА