Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на престојните парламентарни избори ќе настапи во коалиција со 24 политички субјекти и организации, наречена „Твоја Македонија“.
Меѓудругите кои се придружија на коалицијата се и Демократски сојуз на Павле Трајанов, Достоинство на Стојанче Ангелов, како и Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, кои беа дел од коалицијата на владејачката СДСМ.
Оваа коалиција е најбројната досега.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој ги престави преоритетите на Коалицијата, повика на масовна излезеност на овие избори, бидејќи според него неизлегувањето подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.
-Затоа излезноста е клучот. Промените се во ваши раце, порача тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои имиња се на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ