Во организација на Платформата за родова еднаквост по повод 8. Март денеска во Скопје се одржа протестен марш под мотото „Нека јадат ружи“, на кој учесниците меѓудругото порачаа дека не им требаат ружи, кога некои немаат ни за леб и дека им е доста од излитени фрази за Меѓународниот ден на жената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марш и бојкот за 8 Март – „Нека јадат ружи“
„Овој 8. Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А, во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената.
Токму затоа, велиме не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија“, порачаа учесниците, кои маршот го почнаа од пред Универзална сала, продолжија по булеварот Партизански одреди, покрај Владата, а преку мостот „Гоце Делчев“ маршот го завршија во паркот Жена борец пред македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/видео: Игор Бансколиев