еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Јапонскиот оперски пеjач Казухиро Котецу со македонски песни ја разнежни публиката на настанот за Светскиот ден на Вранецот

Јапонскиот оперски пеjач Казухиро Котецу синоќа во Националната опера и балет со македонски песни ја разнежни публиката на настанот за обележување на Светскиот ден на Вранецот, организиран од здружението „Вина од Македонија„.

„Бисер балкански„, „Едно име имаме„, „Македонско девојче“…, беа дел од песните кои ги исполни Котецу придружуван со Битолскиот камерен оркестар.

Котецу минатата година беше назначен за Амбасадор на Вранецот и е основач на Токио Вранец камерен оркестар, а на македонската публика и е позната по прекрасната изведба на македонски традiционални и патриотски песни.

Во рамки на настанот беа презентирани и најдобрите македонски и регионални вина од Балканот создадени од оваа автохтона сорта, која е сѐ попрепознатлива на светската винска сцена.

Фото: Фејсбук/Котецу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

511 нови случаи на Ковид-19 од 3.622 тестирања

Редакција

“30 евра од Вучиќ за сите Македонци што гласаа за Србија“: Твитер реакции за Евровизија

Редакција

Поради климатските промени, допрва ни следат големи елементарни непогоди

Редакција