еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Владејачката ХДЗ победи на изборите во Хрватска, формирањето на влада неизвесно

Владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ), чиј претседател е актуелниот премиер Андреј Пленковиќ е победник на парламентарните избори во Хрватска кои се одржаа вчера.

ХДЗ освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98% од гласовите.

Следат Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се Можеме со 10 освоени пратенички мандати.

Гласале 61,99 отсто од избирачите.

За да се формира влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеници во хрватскиот Сабор.

И од ХДЗ и од СДП најавија дека од денеска почнуваат разговори за формирање ново парламентарно мнозинство.

Фото: Фејсбук/Пленковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Редакција

Студија во „Лансет“: Британскиот сој не предизвикува потешки форми на Kовид-19

Редакција

45 македонски државјани во Дубаи имаат 55 имоти вредни 14 милиони евра

Редакција