Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5%, а цените на мало бележи зголемување од 3,9%.
На месечно ниво инфлацијата во октомври во однос на септември е намалена за 0,7, а цените на мало се намалени за 0,1%.
Намалувањето на инфлацијата на месечна основа според ДЗС е резултат на пониските трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2%, ресторани и хотели за 1,5% и во групата рекреација и култура за 0,9%.
Зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4%, облека и обувки за 1,4%, транспорт за 0,7%, здравје за 0,3%, домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2%, и во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1%.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Фото: Унсплеш