еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Водата во Струмица забранета за употреба, регистрирано зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем, информираа од таму.

АХВ добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба.

Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

-На јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сертификатот за прележан Ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Има ли крај: Почина 2,5 годишнo дете на Клиниката за детски болести

Редакција

„Играле“ нож и секира во тепачка пред казино во Кочани

Редакција