еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Винарија Камник одбележа 20 години постоење – две децении посветеност на уметноста на производство на вино

Винаријата Камник, еден од најуспешните македонски производители на вино, на ексклузивен настан го прослави јубилејот 20 години постоење, одбележувајќи две децении посветеност на уметноста на производство на вино, информираат од таму.

-Дваесетгодишнината од постоењето, како и сите досегашни успеси и достигнувања, Винарија Камник ги прослави во присуство на домашни и странски гости, партнери и соработници.

Од своите скромни почетоци до меѓународно признато име, винаријата е во првите редови на производство на врвни вина кои ја доловуваат автентичноста на богатиот тероар ​​во регионот.

Основана во 2004 година, Винарија Камник е родена од визијата да создаде исклучителни вина кои ги рефлектираат уникатните карактеристики на македонскиот тероар.

Скромните пет хектари лозови насади од 2004 година, прераснаа во близу 40 хектари денеска. Дел од нив од неодамна се и 20 хектари на единствена локација, на 550 метри надморска височина, на микролокацијата Војница, каде што расте исклучително ароматично и богато концентрирано грозје.

Од самиот почеток кога беа засадени првите лозови насади, преку првата берба во 2008 година, до производството на првото вино од сопствени насади Ten Barrels Syrah, винаријата претставува исклучителен и реномиран производител на висококвалитетни македонски вина.

Винарија Камник пред 20 години го започна својот магичен пат со скромен капацитет на производство од само 10 тони грозје и само 10 дабови буриња, а сега по две децении преработува 500 тони грозје, а во винаријата во  500 дабови буриња созреваат едни од најдобрите вина во регионот, направени со многу љубов и исклучително внимание, велат од таму.

Во овој период се создадени повеќе од 25 различни вина произведени од винските сорти Syrah, Merlot, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Carmenere, Montepulciano, Sangiovese, Pinot Noir, Vranec, Pinot Grigio, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Muscat Petit Grain, Moscato Giallo, Viogner, Greco di Tufo, користејќи модерна технологија, но сепак зачувувајќи ги традиционалните принципи.

-Високиот квалитет на вината Камник, ексклузивноста и богатството на вкусот е потврден и со бројните награди на регионално и глобално ниво и големиот број лојални следбеници – вински ентузијасти.

Вранец Terroir 2011 е прогласено за најдобро црвено вино во Централна и Источна Европа на Decanter World Wine Awards UK, а Ten Barrels Syrah Reserva многупати освои златни медали на Syrah du Monde и е прогласувано за едно од најдобрите 10 Syrah вина во светот.

Покрај тоа, има и највисок просечен рејтинг од консументите на апликацијата Vivino за регионот на Југоисточна Европа.

Винарија Камник е и прва во Македонија која за специјалната етикета Signature работи со 200% одлежување на виното во нови дабови буриња и прва македонска винарија што направи етикета за вино од уметничко дело Carmenere 2019 на Михаил Корубин.

Винаријата се смета и за иноватор во винските вкусови, бидејќи прва во Македонија произведе Orange Wine, Barrique вино и првото македонско вино каде што се користи 23 каратно фино дисперзирано гастрономско злато, Golden Temjanika.

Камник низ годините стана доверлив партнер и на многу ресторани со Мишелин ѕвезди во светот, на чии вински листи може да се најдат вината – најдобрите претставници од оваа винарија, па дури и за некои од нив се создадени специјални етикети, што уште повеќе зборува за уживањето на довербата во винскиот свет, велат од таму.

Застапени се во престижни ресторани во Англија, Германија, Швајцарија, Словенија, Хрватска и други земји, а вината на Chateau Kamnik може да се најдат и во најголемиот светски културен центар посветен на виното, импресивниот и модерен музеј La Cité du Vin во Бордо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре нов протест за чист воздух: Умираме во илајдници годишно од загаден воздух

Редакција

Латас остана без пасош, со Лазаров добија и забрана за јавни настапи

Редакција

ДУИ сака „вечно“ да биде во владата

Редакција