Во завршна фаза се активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово во Кавадарци.
Како што информираше градоначалникот на Општината, Митко Јанчев, деновиве ќе се прави монтажа на геоплатното и церадата за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3.200 м3.
Центарот ќе располага со ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, снежни топови…
Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец.
Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка АД Скопје, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија Ја-Ми во висина од 50.000 евра.
Фото: Општина Кавадарци