Солун, една од омилените дестинации на македонските граѓани за шопинг, но и за добро кафе покрај море, е магичино накитен за престојните новогодишни празници, јавува дописникот на еМагазин од Грција.
Во централниот дел на градот речиси не постои дел кој не е новогодишно украсен, а за комплетна атмосфера се потрудиле и трговците, чии излози како да се натпреваруваат кој подобро ќе биде накитен.
Кога сме кај трговците да кажеме дека во бројни продавници има и новогодишен попуст од 20 до 50%.
Веднаш до најпознатиот плоштад во градот, Аристотелис, е и новогодишното село, каде може да се напиете варено вино, да пробате грчка храна, но и да купите убави подароци.
Како изгледа атфосмерата во Солун, погледнете во галеријата на еМагазин:
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.