еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Досега 3,5 милиони евра за зимско одржување на улиците и патиштата, сумата ќе расте

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека за оваа зима, државните институции во Македонија досега склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари или 3.569.106 евра.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување сигурно ќе биде и поголема ако се има предвид дека во тек се уште 13 тендери за оваа намена, чиј исход сè уште не е познат.

Склучени се вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за патиштата. Вакви тендери имаат: Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, 38 општини, Градот Скопје и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Најголеми се тендерите на јавното претпријатие за одржување на патишта, кое засега има склучено три двогодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно. Но, сите три договори се за набавка на индустриска сол и ризла за патиштата.

Јавното претпријатие сè уште нема склучено договор со некоја фирма за зимско одржување на патиштата, што значи дека патиштата треба да ги одржува со својата механизација.

Постапката за „ангажирање трети лица“ за зимско одржување на патиштата низ земјава е поништена во декември и веднаш е распишана нова со краен рок за доставување понуди на 10. јануари годинава.

Истражувањето покажува и дека 39 единици на локална самоуправа имаат склучено договори за зимско одржување, односно за набавка на механизација, сол и ризла за улиците и патиштата.

Од сите нив, најголем е тендерот на Град Скопје, кој за оваа намена годишно троши по повеќе од половина милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само за Скопје повеќе од милион евра за справување со снегот и мразот

Од другите општини, највредни тендери за зимско одржување имаат Битола, околу 250 илјади евра, Кичево – 134 илјади евра, Центар – 116 илјади евра, Гази Баба – 113 илјади евра, Гостивар 96 илјади евра и Струга 92 илјади евра.

Просечниот број понуди на склучените договори за зимско одржување на патиштата изнесува 1,4 по тендер, што е исклучително ниско ниво на конкуренција.

За ова зборува и податокот дека дури на 71 % од тендерите имало само по една понуда.

Вистинска конкуренција од дури 6 понуди имало само на еден тендер, и тоа на најголемиот – за индустриска сол за патиштата.

Основа за пресметка на трошоците на институциите за зимско одржување на патиштата и улиците се податоците добиени од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), велат од ЦГК.

Во истражувањето се опфатени тендерите на сите институции на централно и локално ниво спроведени во текот на 2023 и 2024 година за зимско одржување на улици и патишта за сезоната 2024/25. Кај двегодишните тендери, во пресметките е земена сумата за една година.

Истражувањето вклучува договори кои се објавени на ЕСЈН заклучно со 10. јануари 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снег ќе врне и утре, на планините снежна покривка и над 50 сантиметри

(Видео) Скопје покриено со снег

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РЕС располага со сопствено производство на електрична енергија и нуди најповолни цени за снабдување

Редакција

Мајмуни кои беа вакцинирани со вакцина за Ковид-19 на универзитетот Оксфорд развиле антитела за 14 дена

Редакција

Починатиот пациент со коронавирусот од Делчево имал претходни заболувања

Редакција