еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит лани со добивка

Гранит АД Скопје лани оствари добивка во износ од 152.526 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Вкупната сеопфатна добивка изнесува 436.776 илјади денари и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 284.250 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2023 година, велат од таму.

Остварените единечни вкупни приходи за овој период изнесуваат 5.264.381 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 5%.

Приходите од продажба изнесуваат 5.047.512 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 10%.

Финансиските приходи изнесуваат 64.561 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат намалување за 17%.

Остварените единечни вкупни расходи се во износ од 5.111.856 илјади денари, споредено со истиот период 2022 година бележат зголемување за 5% .

Вкупните инвестиции во основни средства лани изнесуваат 470.401 илјади денари (во опрема и механизација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата

Претседателот на УО на Гранит, Страшо Милковски купи 11.731 акции во Друштвото

Гранит склучи договор со ЈП за државни патишта вреден 752 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОРМ нуди две нови услуги за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании

Редакција

Во Македонија има 8.459 слободни работни места: Најмногу во Пелагонискиот регион

Редакција

Скопјанец имал 4 милиони евра бруто-доход во 2021 година, најмладиот милионер има 8, а најстариот 96 години

Редакција