еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Два пожари активни, еден е под контрола, информираат од ЦУК

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, два сѐ уште се активни и еден е под контрола, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има кај селото Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитеното повеќенаменско подрачје Јасен од посебно значење за државата, во правец кон месноста одделувачи за струја.

„Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од четири пожарникари на ТППЕ, осум вработени од Јасен, и еден вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на планината Серта, Општина Штип, кај Криволак во правец кон село Пенуш, кај месноста Чешмедарски Рид , каде што гори ниска вегетација“, информираа од ЦУК.

Од Центарот информираа дека под контрола е еден пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне.

„Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу селото Слоештица и селата Брежани и Плаќе. Дејствуваа од воздух, два ер трактори на ДЗС, тим од четири пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на Национални шуми, каде што гори ниска вегетација“, велат од ЦУК.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на банката

Редакција

47-годишниот Владо Симјановски треба да се оперира од рак на бели дробови, потребни се средства

Редакција

Асанж може да биде екстрадиран во САД, британскиот Висок суд ја прифати жалбата на американската Влада

Редакција