Девизните резерви на Македонија на крајот од јуни изнесуваат 4.337,5 милиони евра и во однос на претходниот месец забележале зголемување за 44 милиони евра, информираа од Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1 %), по што следуваат валутите и депозитите (28,8 %) и монетарното злато (11,1 %).
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.