Денеска во македонското Собрание со почеток во 11 часот треба да почне конститутивната седница на новиот пратенички состав на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kонститутивната седница на Собранието на 28. мај, ќе ја води највозрасниот пратеник
На дневен ред се избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, верификација на мандатите на пратениците во Собранието, предлог за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши кандидат за претседател на Собранието, се повлече од лидерското место во Алтернатива
За нов претседател на Собранието е предложен претседателот на Алтернатива, (која е дел од коалицијата „Вреди“), Африм Гаши, кој вчера се повлече од лидерската позиција.
Досега се верификувани мандатите на 118 пратеници од вкупно 120.
Седницата може да трае најмногу три дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ