еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Од вечерва на полноќ, цената на дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, а цената на бензините останува иста, одличи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Литар дизел со новата одлука ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот и таа ќе изнесува 42,475 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови

Редакција

Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

Редакција

(Вознемирувачко видео) Три деца меѓу 22. убиени цивили во украинскиот град Суми

Редакција