еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка АД Скопје, Ацо Савиќ, вчера (23. ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3, информираат од Банката.

Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка Скопје со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31. октомври.

Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard картичките од Стопанска банка Скопје да ја зголемат употребата на картичките во секојдневните плаќања, поттикнувајќи ги безготовинските плаќања во прометот наместо употребата на готовина.

Дополнителни прилики за учество во наградната игра се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на новата можност за плаќање преку Google Pay мобилниот дигитален паричник, што за првпат беше овозможен за користење во нашата земја оваа година.

Во извлекувањето за главната награда за период од четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции, што е уште поголема сатисфакција за добитникот со оглед на големата конкуренција.

На доделувањето на наградата, генералниот извршен директор на Стопанска банка Скопје, Диомидис Николетопулос, му ги предаде клучевите од возилото на добитникот и му посака многу здравје и уште повеќе среќа понатаму во животот.

Добитникот е долгогодишен клиент на Банката кој се заблагодари за наградата и истакна дека таа претставува големо задоволство за целото семејство со кое беше присутен на доделувањето.

Во рамки на наградната игра, покрај главната награда беа доделени и 12 Garmin часовници, 4 парични награди по 50.000 денари и 4 парични награди по 100.000 денари.

„Им честитаме на сите 21 добитници и им посакуваме многу среќа и понатаму.

Стопанска банка Скопје соработува со картичниот бренд Mastercard од 2009 година и за кратко време Банката стана еден од најзначајните партнери и издавачи на овој картичен бренд во нашата земја.

Банката е посветена на продолжување и унапредување на соработката со Mastercard и благодарни сме на соработката и на поддршката што ја добиваме од тимот на Mastercard со кој заеднички успеваме да создадеме успешна приказна со големо и растечко семејство на задоволни корисници.

Продолжуваме заедно да создаваме интересни и атрактивни понуди за корисниците на платежните картички, но и за распространетата трговска мрежа која ги прифаќа картичките“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка започна со бесплатна лична достава на картичките на своите клиенти

Редакција

Браво: Тимовите на Мама Италијана и Пица Драма ќе доставуваат бесплатни пици за загрозени семејства

Редакција

Саемот на книга започнува на 18. април: Над 60 издавачки куќи и повеќе од 30 промоции на книги на домашни и странски автори

Редакција