На вонреден конгрес на Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска е избрано ново раководство, откако по лошиот резултат на изборите оставка поднесе досегашната претседателка на партијата, Маја Морачанин.
Избрано е ново претседателство составено од четири копретседатели, кои ќе ја водат партијата како в.д. раководство до локалните избори наредната година.
„Новите копретседатели се Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски. Тие ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер,“ соопшти ДОМ.
Од партијата посочија дека остануваат посветена на своите основни вредности и цели, не отстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики – заштита на животната средина, праведна енергетска транзиција, борба против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин по поразот на СДСМ и коалицијата поднесе оставка
Фото: ДОМ