Внукот од брат на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети (26) во интервју за КОД на телевизијата Телма, вели дека за неколку недели целосно ќе завршела купопродажбата на трговскиот центар Соравиа во Скопје, која 18 месеци е предмет на истрага на Основното јавно обвинителство..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој тврди дека се е чисто во купопроджбата, иако сметката на Соравиа е блокирана, а компанијата должи на Управата за јавни приходи (УЈП).
Ахмети вели и дека имале разбирање од новото раководство на УЈП за долгот, а тврди и дека во октомври лани добил жителство на САД, што според него покажува дека Американците не нашле ништо спорно во неговите бизнис зделки.
Во интервјуто Ахмети зборува на англиски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрин Ахмети тврди дека „Еверест ЏД„ платила за експлотација на минерални суровини
Предметот за Дрин Ахмети и по една година се уште во предистражна постапка
Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации
Фото: Телма