еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение за напаѓачот на новинарската екипа на ТВ Алсат во Скопската чаршија

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.

„Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и започнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие.

Тие започнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата.

Потоа се исправил и започнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата,“ велат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекција за заштита и спасување склучи договор со Аутомакедонија вреден 691,4 илјади евра

Редакција

Одбраната на Мијалков бара да не се слушаат снимки во предметот „Тортура“

Редакција

Со геомеханички испитувања на почвата за изградба на автопатот Тетово-Гостивар стартуваше изградбата на коридорот 8

Редакција