еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден активен и еден под контрола пожар во Македонија

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека вчера во Македонија имало 22 пожари на отворено.

Еден од нив е се уште активен, а друг е под контрола.

Активен е пожарот на територија на Општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“, каде горат нискостеблеста шума и сува трева.

Пожарот на границата меѓу општините Долнени и Чашка е ставен под контрола. Таму е опожарена мешана шума.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Редакција

Објавен е бројот на кол-центарот каде што може да се јавите ако имате симптоми на корона вирусот

Редакција

Приклучете се на електродистрибутивната мрежа без посета на приемните канцеларии

Редакција