Жито Лукс АД Скопје лани остварил добивка пред оданочување од 37 милиони денари, што претставува подобрување за 12 милиони денари во однос на претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Оперативната добивка е зголемена за 15 милиони денари, додека бруто добивката е зголемена за 54 милиони денари, односно 14% повисока во однос на 2023 година.
Вкупните приходи од продажба се зголемени за 4% во споредба со минатата година.
Компанијата бележи 7% пораст на обемот на продажба во земјата, кој произлегува од примарните категории производи. Продажбите на леб се зголемени за 12%, додека кај категоријата брашно, забележан е раст од 3%.
Останатите оперативни приходи, во износ од 11 милиони денари, се зголемени за 4% во споредба со минатата година.
Трошоците на продадени производи се незначителни намалени, за 1% споредбено со минатата година.
Останатите оперативни трошоци се повисоки за 17% и воглавно произлегуваат од зголемување на: платите на вработените и трошоците за рекламирање поврзани со процесот на ребрендирање, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жито лукс со зголемена добивка во третиот квартал
Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал