еМагазин
Image default
Спорт

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате-лига. Единствени учесници од Македонија ќе бидат членовите на „Макпетрол“, Петар Заборски (-75 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.).

Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на скопскиот клуб се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.

Турнирот во Каиро почнува в петок (19 април), а завршува в недела (21 април). На ова натпреварување настапуваат 32 најдобри каратисти во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел сите учесници имаат три задолжителни борби во својата група. Само прворангираните ги продолжуваат борбите во четвртфиналето.

Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 14.500 денари од буџетот за спортистите и спортските работници за април и мај

Редакција

Македонија ги стартуваше квалификациите за Еуро 2024 со победа над Малта

Редакција

Ибрахимовиќ предложил да игра без пари за Јунајтед

Редакција