еМагазин
Image default
Спорт

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Најдобро рангираниот македонски каратист, Петар Заборски, остави најдобар впечаток на Европското првенство што од 8 до 12. мај се одржа во Задар. Членот на скопски „Макпетрол“ се пласира на петтата позиција во категоријата под 75 килограми.

На турнирот во Хрватска, тој имаше борба за бронзен медал со Тијаго Дуарте од Португалија. Заборски загуби со минимален резултат 1-2 и заврши како петтопласиран во Европа.

Во категоријата под 75 килограми, Петар Заборски ги оствари следниве резултати против: Даниел Сантионеану (Романија) 2-0; Евангелос Серметакис (Грција) 2-1; Давид Подсклан (Словачка) 1-0. Во полуфиналето тој загуби од Иван Мартинац од Хрватска (0-3), а во борбата за бронза беше поразен од португалскиот репрезентативец Дуарте.

Петар Спасеновски, исто така од „Макпетрол“, го победи Фредерико Лопез Салас (Норвешка) со 7-4, а беше поразен од Тургут Хасанов (Азербејџан) со 1-3. Данило Божовиќ со Матиос Стијану (Кипар) имаше нерешен резултат (3-3), но првенството за него заврши како резултат на прв освоен поен од противникот.

Симона Заборска ја победи Елена Березовскаја од Молдавија (3-0), но загуби од Александра Џикиќ од Србија (0-4). Ангела Мојсовска беше подобра од Лине Зачо Кудсен од Данска (2-0), но првенството го заврши по мечот со Влера Керими од Косово како резултат на прв осовен поен на противничката.

Членовите на „Макпетрол“ беа дел и од македонскиот кумите тим и се пласираа на седмата позиција во екипна конкуренција на овој Европски Шампионат. На собирот во Задар учествуваа 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Мукаетов ги пречека златните кадети од Рига, РФМ ќе ги награди со 700.000 илјади денари

Редакција

Знаменосци на македонското знаме на отворањето на Летните олимписки игри во Париз ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ

Редакција

Дарко Поп Ацев за неговиот брат шампионот Евгениј: Успех недоволен за да има барем некаква помош од државата

Редакција