Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираа дека во изминатиот период акционерот Зсф-ком ДООЕЛ Скопје се стекнал со дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,82% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Друштвото.
Во истиот период Зсф-ком се стекнал и со дополнителни 78 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно 1.317 приоритетни акции издадени од Скопски пазар, што претставува 9% учество во вкупниот број на приоритетни акции издадени од Скопски пазар
Истовремено акционерот Современ дом АД Прилеп се стекнал со дополнителни 43 обични акции и во моментов поседува вкупно 27.540 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар, што претставува 38,82% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Друштвото.
Во истиот период Современ дом се стекнал и со дополнителни 77 приоритетни акции и во моментов поседува вкупно 6.365 приоритетни акции издадени од Скопски пазар, што претставува 43,51% учество во вкупниот број на приоритетни акции издадени од Скопски пазар.
Во моментов Зсф-ком и Современ дом како акционери кои дејствуваат заеднички поседуваат вкупно 55.080 обични акции со право на глас или 77,64% од вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар и 7.682 приоритетни акции или 52,51% од вкупниот број на приоритетни акции издадени од Скопски пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Современ дом повторно купи акции на Македонијатурист