еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И државен правобранител во масовна тепачка на деца и родители во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираа од таму.

-Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка.

Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една недела

Редакција

Јотова дошла за Задушница, новинарите ја прашаа дали ќе оди и во Солун да чествува за загинатите бугарски војници таму

Редакција

Ковачевски со Османи и Маричиќ денеска на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел

Редакција