Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.
Телевизијата Телма објави дека меѓу обвинетите е и сопругата на Раде Трајковски Штекли, српска државјанка со престој во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад
Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери.
Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Oбвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили, меѓу нив и вработени во МВР