еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Издадени лиценци за фотонапонски централи со моќност од 250 мегавати

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) издаде лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од речиси 250 MW, во периодот од јануари до август, информираат од таму.

Овие лиценци претставуваат значаен чекор кон зголемување на капацитетите за обновлива енергија во земјата, посочуваат од таму.

„Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива. Главно се работи за компании кои инсталираат фотонапонски панели за да ги задоволат своите енергетски потреби.

Со произведената енергија од овие капацитети, може да се снабдуваат околу 80.000 домаќинства,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот подготвен за средба со приватните превозници, ама откако ќе ги деблокираат улиците во Скопје

Редакција

Твитер доби конкуренција, Цукерберг го лансираше „Тредс“

Редакција

Францускиот предлог неприфатлив и за Стојанче Ангелов

Редакција