Авиокомпанијата „Изиџет“ од април ќе лета од Скопје до Париз, а од ноември до Женева, за што доби државни субвенции, информираше министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Од Скопје за Париз (аеродром Орли) ќе се лета од 2. април, а за Женева од 3. ноември.
Министерот исто така информираше дека јавниот повик за субвенции на летови е сè уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критериумите предвидени со повикот.
Фото: МТИВ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.