еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Индустриското производство во јули пораснало за 3.8%

Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто, додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1 процент.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 24 проценти, додека бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1 процент.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Аргентинска вечер во Лимак: Yerba Mate е најпопуларниоит пијалок во Аргентина, а Аргентинците јадат многу доцна

Редакција

(Видео) Спасен животот на петдневно новороденче со комплицирана операција

Редакција

Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција