еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во август 2,2%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2 проценти, а цените на мало од 3 проценти.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 проценти, Рекреација и култура за 1.1 процент, Здравје за 0.8 проценти, Ресторани и хотели за 0.7 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 2.2 проценти, Облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3 проценти

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Граѓаните во ѓубре го оставија споменикот Мечкин Камен

Редакција

Каков имот пријавил Шабан Алајбегу, новиот директор на Државен просветен инспекторат

Редакција

Која е бугарската фирма “Scalefocus“ која ја изработи апликацијата за самопопишување на дијаспората

Редакција