еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работела Стопанска банка Скопје во првиот квартал

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од годинава остварила добивка пред оданочување и резервации од 1.236.806 илјади денари, која е за 8% помала споредено со истиот период претходната година, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Задржувајќи го високопрудентниот пристап во однос на управувањето со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 256.113 илјади денари, помала за 34% во однос на анализираниот период од минатата година.

Со тоа добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2025 година изнесува 980.693 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 2%, како резултат на зголемувањето на обемот на деловните активности, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.459.364 илјади денари и се намалени за 7% во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки, но се поголеми од буџетираните за 2%, посочуваат од таму.

-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 195.690 илјади денари и се намалени за 8% во однос на анализираниот период во 2024 година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 58.657 илјади денари и се зголемени за 91% во однос на анализираниот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 163.520 илјади денари.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето.

Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 265.015 илјади денари и 312.306 илјади денари респективно и се за 9% повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првиот квартал од 2025 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето основа, во износ од 256.113 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.236.806 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2025 година изнесува 980.693 илјади денари и е за 2 % повисока во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Скопје ќе добие нов генерален извршен директор

Георгиос Тагарис именуван за член на НО на Стопанска банка Скопје

Евангелија Калуптси избрана за член на УО на Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снимка од дрон го покажува ужасот од земјотресот во Мароко

Редакција

Истрага на СЗО: Исклучително неверојатно е Ковид-19 да тргнал од лабораторија во Кина

Редакција

Црногорската полиција демантира дека во дискотека бил нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ

Редакција