еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Ацо Велковски, поранешниот градоначалник на Лозово, кој заработи нова кривична

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, кадар на СДСМ, кој во март годинава беше осуден на една година и шест месеци затвор за „несовесно работење во службата“ и нанесување финансиска штета на буџетот на Општината, заработи нова кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради “злоупотреба на службена положба и овластување„.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова кривична за поранешниот градоначалник на Лозово, Велковски, со пари на Општината финансирал пешачка патека која не била изградена

Со истата се опфатени уште две лица од Скопје.

Неговото име во медиумите изминативе години се споменуваше и во врска со случаи на мобинг и насилство врз вработени во Општината и во основното училиште во Лозово, а на јавноста и стана познат кога неговата ќерка освои шпорет на наградна игра организирана од Општината Лозово.

еМагазин разгледа каков имот пријавил според податоци на mkopen.org во декември 2017 година.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил кредит, кој според тогашните податоци требало да го врати лани.

Не пријавил никаков недвижен имот, а втората работа која ја пријавил е возило “опел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хит на Твитер: На наградна игра на општината Лозово, шпоретот го доби ќерката на градоначалникот, истиот ќе биде дониран

Фото: Велковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Став на македонистите за едностраната изјава на Македонија: Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик

Редакција

Скопската зоолошка детектирала угинато животно и не постапила законски, велат од АХВ

Редакција

Убава вест: Оздравени 479 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција