еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ е новиот министер за локална самоуправа.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога во 2021 година стана директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име нема пријавено недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа од 80 метри квадратни во Лазарополе и два стана од 91 и 84 метри квадратни во Скопје.

Вози Фолксфаген пасат, а на името на сопругата пријавил возило Нисан Кашкаи.

На свое име и на име на родителите пријавил и акции, но не навел каде.

На девизна сметка има 12.500 евра, а пријавил и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го врати до 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Фото: Фејсбук/Перински

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кампања без митинзи или кој прв ќе побара одложување на изборите?

Редакција

33-годишниот пациент од Скопје, кој почина од Ковид-19, немал претходни заболувања

Редакција

Бруто надворешниот долг на Македонија 9.977 милиони евра

Редакција