Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Владимир Милошески ќе го раководи новото Одделение за сериозен и сложен криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе го води обвинителот Милошески: Формирано Одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје
Како што информираа од Обвинителството оваа Одделение ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, предмети во кои се спроведуваат финансиски истраги, сложени предмети со поголем број кривични дела, обвинети или обем на докази и предмети од исклучителен интерес на јавноста.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Милошески, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал јавен обвинител.
Каков имот пријавил
Од наследство има куќа и градежно изградено земјиште во скопско Ѓорче Петров, како и стан во Влае.
На свое име има и лизинг и кредит, а кредит пријавил и на име сопругата.