Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот министер за дигитална трансформација.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник на последните парламентарни избори. Сега ќе треба да поднесе нов.
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.
Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Скопје, која е подарок.
Вози Фолксфаген Голф 5.
Има и оружје.
Има и кредит од 1,4 милиони денари кој го земал годинава, а треба да го врати до 2044 година.
Ја пријавил и плата од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Гордана Димитриеска Кочоска, новата министерка за финансии
Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија
Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот прв вицепремиер и министер за екологија
Фото: Андоновски/Фејсбук