Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на две дена од престанокот на нејзиниот мандат, поднесе оставка од функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка
Таа во образложението за оставката обвини за притисок од политичарите на власт, посочувајќи ги и премиерот Христијан Мицкоски и потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски.
Рече и дека оставката ја дава за да го заштити нејзиниот личен интегритет, но и семејството.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала претседател на Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка
Каков имот пријавила
На свое име има стан во скопски Центар, а стан таму има и нејзиниот сопруг.
На име на сопругот пријавила две возила – Ауди и Мерцедес бенз, како и мотор.
Уште еден мотор пријавила и на име на децата.
На име на сопругот пријавила и удели и хартии од вредност.
Има и кредит од 320 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.