еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кичевчанец при лов случајно убил 40-годишен маж од Бигор Доленци

Кичевчанец вчера при лов испукал патрон од ловечка пушка и усмртил 40-годишен жител на селото Бигор Доленци.

-Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С. (56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј. (40) од истото село, по што Д.Ј. починал, информираат од полицијата.

Увид на местото извршил јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вице Заев достави понуда за преземање на „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“

Редакција

Бројката на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се зголеми на околу 5.000

Редакција

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, 5% починале надвор од болница

Редакција