Како што се најавуваше уште пред неколку месеци владината коалиција „Вреди“, која е составена од четири партии, ќе стане една партија.
Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, која е дел од коалицијата, најави дека од неделава ќе почнат процедурите за создавањето на партијата.
Тој за Телеграфи Македонија, кажа дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе биде ли исклучена Алијанса за Албанците на Таравари од коалицијата „Вреди“
Како што е познато една од партиите која е дел од коалицијата – крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците (АА) најави самостоен настап за локалните избори, а се уште е нејасно дали крилото е уште дел од оваа коалиција, а веќе јавно се дебатира и дали оваа крило ќе остане и во Владата.
Меџети исто така кажа дека се уште не е дефинирано кој ќе биде претседател на партијата и вели дека тоа не важно.
Неофицијално токму неговото име периодов се споменуваше како лидер на новата партија.
Дел од коалицијата се и Беса на Биљал Касами и Алтернатива, која ја води Зекири Ибраими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Меџети/Фејбук