За оваа зима државните институции склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 3.569.106 евра, а сумата ќе продолжи да расте, бидејќи има уште тековни тендери кои не се завршени, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Досега 3,5 милиони евра за зимско одржување на улиците и патиштата, сумата ќе расте
Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, кое засега има склучено три двогодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно.
Кои фирми ги добиле највредните договори
Најголем договор, според истражувањето има фирмата Лугос ЛЦ од Скопје, која со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта има склучено двегодишен договор за снабдување со индустриска сол за патиштата во вкупна вредност од 2 милиони и 300 илјади евра.
Втора е фирмата Нексос Инженеринг од Скопје со договорот од 1 милион и 55 илјади евра склучен со Градот Скопје за двегодишно ангажирање на специјални возила за зимско одржување на улиците.
Трета е фирмата Анизор Драшко од скопското село Шишево која има склучено договори за зимско одржување со пет скопски општини во вкупна вредност од 342 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само за Скопје повеќе од милион евра за справување со снегот и мразот
Илустрација: ЦГК