еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Специјалните сили од Македонија ќе учествуваат на меѓународна вежба во Грција

Специјални сили од Македонија, Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел ќе учествуваат на меѓународната вежба „ОРИОН 23“ на специјални сили – сили за специјални операции, што од 24 април до 5 мај ќе се одржи во поширокиот копнен и поморски дел на грчките региони Атика и Виотиа, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека во конкретниот период ќе се одржат две вежби:  Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ и меѓународна вежба на специјални сили – сили за специјални операции „ОРИОН 23“, која е паралелно и во склоп на првата, а во која ќе учествуваат и силите од Македонија.

-Вежбата „ОРИОН 23“ е вежба за развој на стратегии – бази на специјални операции од типот CFX/LIVEX/INVITEX (Command Post Exercise/Live Exercise/Invitation Exercise) и има за цел да го надгради нивото на разбирање и размената на знаење помеѓу учесниците, како и во зголемувањето на оперативните способности на специјални силите – силите за специјални операции во меѓусојузнички контекст, со извршување на сложени оперативни сценарија со зголемена тежина и сложеност, како во копнената, така и во морската средина, како и во областите од стратешко значење, како што се индустриските и енергетски објекти во земјата, соопштија од Генералштабот на грчката армија.

Додадоа дека конкретната вежба секоја година се проширува, „привлекувајќи сè повеќе специјални сили од пријателски и сојузнички земји“.

„ОРИОН 23“ ќе се одржи паралелно и во склоп на Мултинационалната воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ во која со воздухопловни средства ќе учествуваат домаќинот Грција, САД,  Кипар, Индија, Јордан,  Шпанија, Италија, Саудиска Арабија, Словенија, а Австрија и Канада ќе имаат само воен персонал, додека пак учеството на Германија, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Црна Гора, Бахреин, Словачка и Тунис е на ниво на набљудувачи.

Според Генералштабот на грчката армија вежбата „ИНИОХОС 2023“ „има за цел да ја зајакне соработката и интероперабилноста меѓу вооружените сили на земјите учеснички, преку спроведување напредна оперативна обука и извршување сложени и тешки сценарија кои симулираат реални оперативни услови“.

Двете вежби, како што соопштија од ГЕЕТА се во рамките на меѓународните активности што ги организира и координира Генералштабот на грчката армија.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поништи решенија на министерката Мизрахи

Редакција

(Фото) „Претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“: Лила блесна во бел фустан за роденденот

Редакција

„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство

Редакција