Од Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Управниот одбор на Банката до Надзорниот одбор и Собранието на акционери планира да достави Предлог одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 2.848.834 илјади денари, како и Предлог одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за 1 обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250 денари.
-Предложениот бруто износ од 1.250 денари за 2024 година е за 37,4 % повисок во однос на дивидендата за 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 40,1%
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.